Австрискиот канцелар Себастијан Куртц денеска повика Северна Македонија да ги почне пристапните преговори откако земјата постигнала напредок на патот на европските интеграции.

„Северна Македонија заврши одлична работа на патот кон ЕУ интеграцијата. Сега ние мора да ги одржиме своите ветувања и брзо да ги започнеме пристапните преговори“, напиша на Твитер Курц по средбата со премиерот Зоран Заев во Виена, каде се оддржува Самитот на лидерите на земјите од западен Балкан.