Владата негира дека на вчерашната средба во Софија меѓу премиерите Зоран Заев и Стефан Јанев било предложено решение за јазикот. Бугарскиот весник „24 часа“, повикувајќи се на бугарски владини извори објави дека во однос на јазикот, од Заев била предложена формулација „Говориме ист јазик, но меѓународно признат како два различни”. Од Владата ваквите наводи ги негираат, јавува СДК во материјал на колешката А. Антевска.

„За време на вчерашните работни средби обезбедивме унапредување на меѓусебната доверба и дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Овој позитивен исчекор ни овозможи да разговараме за можностите за решенија за што добра основа е португалскиот предлог. Решенијата мора да водат грижа за двете страни.Такви решенија се можни, за да се дојде до нив неопходен е дијалог, а сега еве и дијалогот е повторно на маса. Оттука, не се точни шпекулациите за наводни формулации за решенија кои се споделуваат низ дел од медиумите”, велат од Владата.