Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се 14 оздравени пациент. Втор пат по ред, за само неколку дена за 24 часа не се регистрирани смртни случаи. Инаку,  вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.