Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирани 3 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 48 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.
Два примени пациенти имало во ковид центарот во ГОБ 8 Септември и еден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 5 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 15 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 28 пациенти.

Вкупно 48 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 121 и има околу
500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.