Опозициската партија прашува каде завршиле парите од задолжувањата, кои биле ветени дека ќе стигнат до граѓаните и фирмите. Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, од ветени 850 милиони евра, нешто повеќе од 350 милиони не завршиле кај народот и фирмите.

-Битиќи и СДСМ потфрлија во кризата. Економијата едвај опстојува. 60.000 луѓе ги загубија своите работни места, 6.200 фирми ставија клуч на врата, над половина милион луѓе живеат со 2 евра на ден.

Помошта не стигна кај народот и фирмите. Ветија 850 милиони евра помош, а реализираа не повеќе од 350 милиони евра. Се заврши како поткуп пред избори и без позначаен ефект при заживување на економијата.

И додека се расфрлаат со пари Битиќи, Бесими и Заев долгот скокна на над 7 милијарди евра и е на историско највисоко ниво. Проекциите се лоши и ако ги следиме бројките ќе заклучиме дека долгот ќе продолжи да се зголемува, а каматите ќе стануваат се поголеми, велат од ВМРО-ДПМНЕ.