Употребата на прототип футуристички робот – чамец е планирана на околу 100 километарскиот канал во Амстердам.
Овие целосно автономни пловни објекти би извршувале различни задачи, вклучително и превоз на патници и транспорт на смет.
Експерти од Институтот во Амстердам и научници од Институтот за технологија (МИТ) во американската држава Масачусетс работат на проектот „Roboat“.
Роботски чамци пловат полека, со брзина до шест километри на час, користејќи пропелер и четири придвижувачи напојувани од електрична батерија со капацитет да ги управуваат, во зависност од задачата, од 12 часа до 24 часа. Тие се контролираат од далечина од компјутер заснован на податоци од камери и сензори кои ги скенираат областите околу садот.
Чамците се „модуларни“ и лесно можат да се прилагодат за превоз на товар или луѓе.
Тимот кој работи на проектот вели дека ќе бидат потребни уште две до четири години за да се усоврши технологијата за автономно управување со тие пловни објекти.
Стефан ван Дијк, директор за иновации на Институтот во Амстердам, рече дека новата технологија е „многу релевантна во исклучително сложените пристанишни операции, каде што има многу бродови и други пловни објекти, многу кејови и пристаништа. Безбедноста навистина може да се подобри таму со автономни системи, но и да ја направат работата поефикасна“.
На неодамнешните демонстрации, брод со електричен робот, долг четири метри, маневрираше покрај репликата на трговскиот брод од 18 век по име „Амстердам“, што претставувало симболично прикажување на поморското минато и иднината на тој град.
Бродот – робот учи да маневрира низ целиот сообраќај во каналите во Амстердам, кои се полни со приватни чамци и чамци кои крстарат со туристи.
Проектот има и правен аспект и се работи на подготовка на промените неопходни за да се овозможи автономна употреба на робот – чамци, без капетани и кормилари.
Податоците собрани од камерите на тој пловен објект нема да ги идентификуваат луѓето во околината и во таа смисла ќе се гарантира приватноста на граѓаните.