Нема ништо поубаво од вкусно подготвени топчиња од мелено месо и грав кои се сочни, полни со арома и вкус. Дали ќе ги комбинирате со прилог или здрава салата, гастрономското уживање е загарантирано.
СОСТОЈКИ:
- 300 г мисиркино мелено месо
- 200 г грав
- 1 главица кромид
- 2-3 печурки
- свеж магдонос
- 2 чешниња лук
- 1 лажица путер
- сол и црн пипер
ПОДГОТОВКА:
Гравот потопете го преку ноќ, па следниот ден сварете го во малку посолена вода и оставете го да се излади. Во блендер ставете го гравот, додајте му ги путерот, сечканиот кромид, печурките, лукот и измиксирајте да се сомели ситно. Потоа додајте му го меленото месо и магдоносот па кратко блендирајте да се соединат состојките. Префрлете ја смесата во сад и од нејзе земајте порции по желба, обликувајте ги во ќофтиња или плескавици, па пржете ги во врело масло.