Треба да се размислува децата и адолесцентите да се вакцинираат, смета д-р Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести.

Во моментов на Клиниката за детски болести речиси воопшто нема деца кои се заразни со ковид-19.

Децата се носители на вирусот, проблем е ако се сретнуваат со други, се движат повеќе, да не дојде до создавање на мутиран вирус. Треба да се размислува децата и адолесцентите да се вакцинираат. Во регионот сме држава со смртност 0 кај децата, тоа е голем успех. Не треба комплетно да се опуштиме. Кај децата небалансирано антителата предизвикуваа цитокинска бура. Она што сметам дека треба да сме среќни, нема пост-ковид последици кај децата. Комплетно различни слики покажува вирусот кај децата, за разлика од возрасните. Анализите покажаа дека доста голем проблем имаше кај децата со гастроинтестиналниот тракт, кај 10-тина деца имаше операција на слепо црево, второ бубрезите, инфекции. Ретко имаше по некоја срцева промена, краток период, траеше недела до два, вели д-р Софијанова, во Студио 10 на ТВ24.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.