Доколку се мислите со каков десерт да ги изненадите вашите најблиски, имаме идеја за вас… Освен што изгледа убаво, овој колач ќе ве освои и со својот вкус…
СОСТОЈКИ:
- 125 г путер
- 1 кутија чајни бисквити
- 3 јаболка
- 150 г ореви
- 4 јајца
- 1 шолја шеќер
- 1 шолја брашно
- 1 прашок за печиво
- 1 ванилин шеќер
- цимет
- шеќер во прав
ПОДГОТОВКА:
Сад за печење со пречник 26 см, измачкајте го со путер и на дното распоредете ги бисквитите, така што нема да има дупки. Излупете ги јаболката и исечете ги на кришки, па наредете ги преку кексите. Овошјето нека биде густо наредено. Над него посипете со сечкани ореви и цимет. Изматете ги јајцата со шеќерот и додајте го брашното измешано со ванилин шеќер и пециво, па оваа смеса прелејте ја над јаболката. Ставете да се пече во рерна загреана на 180 стешени, додека добие
убава златно-кафеава боја. Откако ќе се излади, посипете со шеќер во прав.
На здравје!