„Не грижи се за ништо“ – тоа беше пораката, предадена од повеќе од 1000 мали рачиња преку знаковниот јазик, до ученикот со Даунов синдром во основното училиште во Хелок во Нов Зеланд.
Директорот Ник Рид истакна дека училиштето имало еден ученик со Даунов синдром кој комуницирал со помош на знаковен јазик, па целото училиштето решило да направи настан посветен токму за него.
„Ние сакаме да се осигураме дека сме инклузивни и да им посветиме внимание на сите наши ученици“, истакна Рид за „Hawke’s Bay Today“
Учителката Ени Бојд на момчето со Даунов синдром минатата година сакала да се осигура дека другите деца можат да комуницираат со него. Бојд вели дека тоа ѝ донело сосема нова димензија на нејзиниот час.
„Тој е толку многу забавен, децата сакаат да бидат со него. Децата треба да знаат за инклузивноста – не видовме да се зборува за Неделата на знаковниот јазик, но треба да ја направиме повеќе во врска со тоа, бидејќи знаковниот јазик е трет јазик во Нов Зеланд“, истакна таа, додавајќи дека е навистина важно луѓето да ги знаат основите на знаковниот јазик.