Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во текот на оваа недела ќе реализира средба со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Мицкоски ова го изјави во интервју за Сител, додавајќи дека на состанокот ќе биде презентиран португалскиот нон пејпер.

„Очекувам состанокот да биде во текот на оваа недела и за истиот има најава дека ќе се одржи“, потенцираше Мицкоски.

Во однос на рашавање на спорот со Бугарија, Мицкоски вели дека согласно разговорите кои ги имал со дипломатите големи одлуки за проширување на ЕУ со носеле во декември, а не на јунскиот самит и во отсуство на Влада во Бугарија.