Латино дивата Џенифер Лопез е снимена на ручек со нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони во Мајами, каде што инаку ги поминува деновите со поранешниот свршеник Бен Афлек.
Џеј Ло, која неодамна ја раскина свршувачката со бејзбол-играчот Алекс Родригез, последните недели ги помина во друштво на нејзината поранешна љубов, Бен Афлек, во Монтана и во нејзината нова куќа во Мајами.
Очигледно е дека пејачката последните недели е тема број 1 во медиумите, поради испреплетените средби со поранешните партнери.
Дури и музичкиот могул Паф Деди, нејзината голема љубов од младоста, пред два дена објави фотографија со Џенифер, сеќавајќи се на старите денови. Некои тоа го прокоментираа како предизвик.
Деновиве пејачката е снимена со нејзиниот поранешен сопруг.
Џеј Ло и Марк беа во брак 10 години и ги добија близнаците Ема и Макс. Секогаш се истакнувало дека тие се најдобар пример за тоа како треба да се однесуваат поранешни сопружници по разводот. Иако разводот беше болен, тие останаа пријатели и заедно се грижат за децата.
Фото: Профимедиа
Лопез и Афлек ги полнеа насловите страници неколку години под прекарот „Бенифер“, а во 2002 година се свршија. Планираната венчавка беше одложена во 2003 година, а потоа во јануари 2004 година, тие официјално раскинаа.
Време е за стари љубови, барем во животот на славната Џеј Ло.