По запознавањето преку Фејсбук, врската на Британката Ајрис Џонс (81) и Мухамед Ахмед Ибрахим (36) и стана позната на пошироката јавност минатата година по гостувањето во емисијата „Dis morning“ каде оваа баба изнесе шокантни детали од својот интимен живот…
Водителите се црвенеа додека бабата раскажуваше како парот ужива во креветот и како за првата брачна ноќ им било потребно цело шише лубрикант, а сега на Фејсбук профилот откри и како изгледа бракот со 46 години помладиот маж.
„Љубов е кога тој што го сакате ќе ви ги исече ноктите. Љубов е кога тој што го сакате ве носи по скалите кога лифтот ќе се расипе. Љубов е кога тој што го сакате ќе потроши неколку часа за да го најде телефонот кој сте го заборавиле во такси. Љубов е кога тој што го сакате спие на подот од болницата и одбива да ве напушти додека закрепнувате од падот. Љубов е кога некој го поднесува моето жалење на жештината во Египет. Жештината беше неподнослива исто како и моето жалење. Те сакам поради се што си и продолжуваш да бидеш, Мухамед. Твоето трпение, твоето разбирање, твојата одлучност, грижа и внимание, кон ова, понекогаш нерасположено чудо од жена која те сака бескрајно. Ти благодарам што си ти и што ме сакаш“, гласи еден нејзин статус на Фејсбук.
Набрзо пристигна и коментарот на Мухамед: „Душо, не можам да одговорам на волку одличен текст“, на што Ајрис одговори: „Знам дека си човек од неколку зборови, но во овој случај, тишината не е златна“.
Оваа бабичка претходно откри како стравува дека љубовта на својот живот, можеби никогаш повеќе нема да ја види, бидејќи Мухамед се обидува да добие брачна виза за Велика Британија. Во разговорот за „Metro“ претходно оваа година таа објасни дека не знае кога нејзиниот сопруг ќе може да и се придружи во Британија.
– Одвоена сум од тој кој го сакам, тешко е. Времето не е на моја страна. Одев три пати за Египет и се враќав без него, објасни таа.
Меѓутоа, таа не е сигурна дали ќе може повеќе да патува за Египет бидејќи локалната клима таму не и одговара на нејзиното здравје. Таа вели дека таму е претопло и има многу прашина. Освен тоа, кога оди во Египет најмногу пари троши за сместување.
– Годините повеќе не се на моја страна. Утре може да починам. Секој ден ми е драгоцен. Ужасно е да се биде разделена од него, изјави Ајрис.
Таа дури испратила и писмо до премиерот Борис Џонсон со цел да му дозволи на Мухамед да дојде во Велика Британија, каде тој, како што вели таа, би бил придонес за општеството.
Парот се венчаше во ноември 2020 година, а и на двајцата тоа им била трета венчавка досега. Немале традиционална венчавка туку добиле само службено потпишана потврда на арапски дека се венчани.
– Моравме да потпишеме неколку документи. Потоа, документот ни беше врачен, еден за Мухамед и еден за мене, а во него се е на арапски, не знам ни што пишува, изјави Ајрис.