Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека Македонија уште од 2009 година има заслужено прва меѓународна конференција.

„Македонија уште од 2009-тата година има заслужено прва меѓународна конференција, односно отпочнување на преговорите“, вели Муцунски.

Тој вели дека ние треба да си ја завршиме „домашната задача“, а Европа треба да испорача тоа што го има како должност и ветување спрема Македонија.