Појавата на ракот на кожата се зголемува од година во година. Веројатно за кратко време тоа ќе биде најчестиот карцином кај луѓето, најмногу заради прекумерното изложување на сонце.

Повеќето типови бенки се лекуваат, но некои може да метастазираат и да го компромитираат животот на пациентот, па затоа не треба да се игнорираат. Само затоа што ракот се наоѓа на кожата, не значи дека е помалку сериозен.

Колку често треба да ги проверувам моите бенки?

Контролата на бенките треба да биде еднаш годишно од страна на специјалист дерматолог.

Постојат одредени случаи во кои контролата треба да биде почеста:

  • Лична или семејна историја на рак на кожа
  • Лична или семејна историја на рак воопшто, особено на панкреасот или градите.
  • Присуство на атипични бенки. Како да се открие атипична бенка или невус? Тие обично се асиметрични и поголеми од 6 мм. Тие можат да имаат парталави рабови и повеќе од една боја.
  • Многу бела кожа и/или црвеникава боја на коса
  • Доколку имате повеќе од 100 бенки (кај возрасно лице).
  • Вродени бенки (од раѓање).
  • Имуносупресија (трансплантации, третман со хемотерапија, итн.)
  • Страдање од генетски болести кои предизвикуваат рак на кожа (ксеродерми пигментозум, албинизам и сл.)

Постојат бенки кои е потешко да се контролираат и затоа бараат построг мониторинг. Тоа се оние кои се сместени во скалпот, дланките, стапалата, гениталиите и папочната област.

Веднаш треба да се консултирате со дерматолог ако забележите:

  • Појава на бенка или флека на ново место на кожата на возрасен
  • Континуиран раст на големината или дебелината на бенката или флеката.
  • Промени во бојата (одеднаш затемнува или осветлува, или покажува повеќе бои).
  • Чешање, крварење или „шугање“/кора над бенката.
  • Рани на кожата кои не заздравуваат по долго време или зацрвенети области на кожата со лушпи кои не поминуваат.

Кога треба да се отстрани бенка?

Бенките се отстрануваат кога постои сомневање за малигни заболувања. Отстранувањето на бенките не вклучува ризик, тоа е мит.

Постојат места на телото кои можат да развијат абнормални лузни по отстранувањето на бенките. Најчестите области каде што може да се појави таква промена се рамената, градите и горниот дел од грбот. Ако бенката има медицинска индикација за отстранување, постојат начини на лекување на таа лузна. Ако лицето сака да ја отстрани од чисто козметички причини, подобро е да не го стори тоа или да разговара со специјалист дерматолог.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ Ви стои на располагање. За информации поврзани со Вашето здравје информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484 во Клиниката „Жан Митрев“.


Комерцијален ПР текст