Најпознатата ријалити ѕвезда во светот можеби дава милиони на тривијалности и од неодамна е официјално и милијардерка, но изгледа не е така расположена за да ги плаќа редовно своите вработени.
Како што јавува Дејли Мејл, седум поранешни вработени на Ким Кардашијан поднеле заедничка тужба против неа во Судот во Лос Анџелес.
Како што наведуваат, додека работеле во нејзината вила, вредна 60 милиони долари, тие се сретнале со низа проблеми: никогаш не им исплаќала средства на време, а дури им одземала и 10 проценти за данок, а потоа не го уплатувала.
Една од поранешните работнички, која денес има само 16 години, вели дека работела прекувремено кога не одела на училиште, односно повеќе од дозволените 48 часа неделно. Во групата вработени е и еден градинар, кој откако прашал дали ќе му бидат платени прекувремените часови труд тој добил отказ.
Ким, покрај сите обвинувања, наводно им останала и должна за одредена сума.
Старлетата претходно се фалеше како таа одлично ги третира своите вработени, а во една епизода од семејното реално шоу имавме прилика да ја видиме Ким како ја критикува својата сестра Кортни бидејќи ја „деградира“ дадилката на своите деца, потсетуваат странските медиуми.