Актерката Емили Блант позната по улогата на Мери Попинс е во брак со ѕвездата од култната серија „The Office“, актерот Џон Кразински. Иако и двајцата се познати актери, како што вели, не би сакала нејзините ќерки да се занимаваат со актерство…

Блант која овој месец се враќа на големото платно со филмот „A Quiet Place II“, во режија на нејзиниот сопруг Кразински, за „Times“ изјави дека нејзината ќерка, 7-годишната Хејзел, неодамна се распрашувала за славата на нејзините родители.

epa-efe
EPA-EFE/NINA PROMMER

„Пред некој ден се врати дома, ние бевме во кујната и таа одеднаш рече : „Дали вие сте славни?“. Никогаш не сме го кажале тој збор во нашата куќа. Ние не зборуваме за тоа“, вели Блант.

Веројатно некој ѝ го кажал тоа на училиште. Ѝ реков само, „Хм… не баш, не мислам дека сум славна. Дали некој ти го рекол тоа, Хејз?“. „Да“, ми кажа таа, но тогаш не сакаше да навлегува во детали, знаете, но тоа е чудно. Тоа е чудно“, истакна актерката.

Блант, која исто така ја дели и 4-годишната ќерка Виолет со Кразински, вели дека славата е „чудна работа“ за да им се објасни на децата.

epa-efe
EPA-EFE/JUSTIN LANE

Не сакам моите деца да се чувствуваат поважни или посебни или да им се посветува повеќе внимание од другите деца“, објаснува 38-годишната ѕвезда. „Ако можат да останат несвесни подолго, би била воодушевена. Тие дури и не сакаат да видат што правам. Не ни сакаат кога ќе ставам шминка. Не сакаат ништо од ова! Тие само сакаат да им бидам мајка“.

Блант е исто така вели дека не би сакала нејзините ќерки да одат по нејзините стапки, демантирајќи ја идејата тие да бидат вклучени во новото продолжение на филмот „A Quiet Place“.

О Боже не, не! Те молам, Боже чувај ги подалеку од сцената“, вели таа.