Четвртиот министер за здравство во Чешка во последната година од почетокот на пандемијата на вирусот корона, денеска поднесе оставка.
Advertisements
Премиерот Андреј Бабиш рече дека министерот Петр Аренбергер му се јавил на телефон во Брисел, каде што Бабиш учествува на самитот на лидерите на Европската унија (ЕУ), за да му ја најави оставката.
Аренбергер, директор на универзитетската болница Винохради во Прага, положи заклетва за министер за здравство на 7 април оваа година. Неодамна, тој беше мета на критики во јавноста за наводни неправилности во даночните пријави. Исто така, се покажа дека тој изнајмил еден од непријавените имоти на Универзитетската болница каде што работел. Тој договор бил потпишан пред тој да биде назначен за директор на Болницата.