Историјата која се изучува во основно и средно образование треба да развива критичко мислење кај децата, но во моментов таа улога историјата ја нема. Во моментов имаме развивање на силни политички митови во историјата, злоупотреба на историјата и историско образование кое поттикнува конфликти внатре во нашето општество помеѓу различни етникуми Македонци – Албанци, Албанци – Срби, Албанци – Турци, Македонци – Турци… Ромите воопшто ги нема во учебниците по историја, замислете како се чувствува еден припадник на ромската заедница во Република Северна Македонија, кога тие како воопшто да не постојат во земјата. Тоа мора да се промени и сите сме сложни дека неопходна е реформа за да имаме современо образование кое ќе развива критичко мислење и нема да иницира поделби. Ова го истакна Петар Тодоров,  историчар од Институтот за национална историја и член на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања за време на вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител