Комисијата за заразни болести идната недела треба да одлучува дали ќе се укинат досегашните рестриктивни мерки против Ковид-19 и дали граѓаните и летово задолжително ќе мора да носат заштитна маска и на отворено. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од 1 јуни е можно да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски.

„Следната недела ќе има состанок Комисијата за заразни болести која ќе одлучува за понатаму. Овие мерки важат до 1 јуни“, изјави Филипче за ТВ21. Ова се должи на подобрената епидемиолошката состојба во земјава, откако бројот на новозаразени и хоспитализирани лица постојано се намалува. За последните 24 часа во земјата има 7 заразени лица во Скопје. Во С. Македонија бројот на активни случаи изнесува 2.798.