72 годишна жена се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од патничко возило на регионалниот пат Велес-с.Извор.

Од МВР објаснуваат дека вчера околу 08,13 часот на регионалниот пат Р-1312, Велес-с.Извор во билизина на место викано „Врановски анови“, патничко моторно возило „алфа ромео“ со бугарска национална ознака, управувано од Л.Т.(57) од Свети Николе удрило во Р.Н.(72) од с.Долно Врановци.

По незгодата Р.Н. била пренесена во Општата Болница-Велес каде и биле константирани тешки телсени повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.