Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека светот е во „војна “ против заедничкиот непријател ковид-19 и дека е потребно да се примени „воена логика“ за нееднаквиот пристап до средствата за борба против пандемијата. Тој објасни дека е потребна логиката и итноста на преземањето мерки како во планирање на воена економија, за да може да се зајакне капациететот на „оружјето“.

Advertisements

Гутереш во неговото излагање на годишното собрание на Светската здравствена организација на земјите членки во Женева, посочи дека почетокот на пандемијата во Кина во 2019 година над 3,4 милиони луѓе починале од последии од вирусот, а околу 500 милиони луѓе изгубиле работа.

„Најранливите страдаат најмногу и се плашам дека ова е далеку од готово. За жал, освен ако не дејствуваме сега, ќе се соочиме со ситуација во која богатите земји го вакцинираат мнозинството од својот народ и ги отвораат економиските пазари, додека вирусот продолжува да предизвикува длабоко страдање кружејќи со нови мутиации во најсиромашните земји“, изјави Гутереш.

Прикажи повеќе