Кон крајот на октомври, општина Ѓорче Петров ќе добие нова современа општинска власт, рече Тимчо Муцунски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ кој беше во посета на оваа скопска општина, заедно со колегата, пратеникот Стојаноски.

Со општинскиот комитет од Ѓорче Петров тие разговараа со родители и наставници, кои што се загрижени за општиот хаос кој што го има во образованието.

Општинска власт која што ќе се грижи за граѓаните, ќе се грижи за урбанизмот и нема како актуелната да биде синоним за расипништво и непланско работење со општинските средства и со тоа што се очекувања на граѓаните.

Ќе разговараме и за проблемите кои што ги има со урбаното планирање, проблемите кои што ги има со катастрофалните состојби со животната средина во општина Ѓорче Петров.

Општина Ѓорче Петров е уште една од општините во Република Македонија, каде што катастрофалното владеење на градоначалникот од редовите на СДСМ ги има влошено состојбите за живот, не се прави ништо за да се инвестира во јавните работи, во животната средина, во парковите во зеленилото и во сите работи тие работи кои што им се потребни на граѓаните, урбанизмот меѓу другото, да има по нормален стандард на живеење, изјави Муцунски.