На 21.05.2021 во 10.25 часот пред банка на бул.Туристичка во Охрид, патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(39) од Охрид удрило во Н.К.(45) од с.Велгошти,охридско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.К. која е пренесена во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.