Метростаница во Брисел, Белгија, е именувана според кралицата на ромската песна Есма Реџепова. Оваа одлука доаѓа со цел да им се оддаде почит на жените кои придонеле во обликувањето на историјата на Европа, пренесуваат белгиските медиуми, јавува Репортер.мк.
Во Брисел 69 станици носат имиња на влијателни жени, од различна област. Покрај името на Есма, се наоѓаат и имињата на Ангела Меркел, Коко Шанел, Роза Луксембург и други.
Ја редизајниравме мапата на метрото во Брисел, со цел да им оддадеме почит на овие жени, кои ја обликуваа европската историја. Само две станици во Брисел беа именувани според жени, кога се улиците во прашање, дури 14 пати повеќе се сретнуваат имиња на мажи, отколку на жени, а во Париз само четири од вкупно 302 метростаници се именувани според жени – велат од здружението ,,Пријатели на Европа” кои стојат зад проектот.