Американскиот рапер Асап Роки официјално потврди дека е во врска со популарната пејачка Ријана и стави крај на гласините…

Асап Роки за „GQ“ изјави дека Ријана е „љубовта на неговиот живот“ и со тоа потврди дека се во врска.

Гласините за нивната љубовна врска се појавија уште во 2013 година кога раперот беше со пејачката на нејзината турнеја „Diamonds World Tour“.

Таа вреди како милиони други. Кога знаеш, знаеш. Таа е вистинската“, додаде раперот.

Instagram
Instagram

Од кога се заедно, Ријана и Асап Роки направија сè за да ги избегнат папараците и речиси и не се појавуваат заедно во јавноста. Раперот рече дека неговата девојка има големо влијание на неговиот нов албум.

Многу подобро“, одговари Роки на прашањето како е да се биде во врска.

Instagram
Instagram

Неговото вистинско име е Раким Мајерс, а во 2019 година беше осуден за напад за време на тепачка во Стокхолм и доби условна казна од две години. Случајот доби големо внимание кога поранешниот американски претседател Доналд Трамп интервенираше тврдејќи дека АСАП Роки бил неправедно осуден.

Инаку Ријана и Роки беа долгогодишни пријатели и соработници. Во јули претходната година, 32-годишниот Роки беше ангажиран во нејзината кампања за „Fenty Skin“. Во тој период дуото направи неколку интервјуа заедно, промовирајќи ја нивната соработка.