Тимовите на Comac Medical продолжуваат со вакцинација на државјани на РС Македонија на двете локации на македонско-бугарската граница кај граничните премини Делчево-Станке Лисичково и Ново Село-Златарево.

Од тимот на д-р Врабевски повикуваат граѓаните што ќе се запишат за вакцинација на телефонските броеви: +359 (0) 886 800 264 (Viber), +359 (0) 882 516 981 (Viber) да ги почитуваат своите термини за да не се случуваат долги редови за чекање и непотребни гужви.

Центрите за вакцинација на д-р Врабевски се наоѓаат во меѓугранична зона и за да се посетат не е потребно вадење на PCR тест. Потсетуваме дека вакцините се бесплатни и секој македонски државјанин може да си закаже термин за вакцинација.