Претседателот на САД, Џо Бајден, повторно е мета на исмејување на социјалните мрежи.

Американскиот претседател сега успеал погрешно да ја изговори вакцината “АстраЗенека”, па читајќи од екранот пред себе, ја нарекол “Астровеника”.

Имено, Бајден во говорот зборувал дека оваа вакцина уште не добила одобрение за употреба во САД.

Потсетуваме, каналот “The News Junkie’s Archives” и пред неколку дена објави гаф на американскиот претседател, кога Бајден не можел да го запамети името на лидерот на Републиканците во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, иако имал состанок со него кратко пред тоа.