Повеќе од 90 проценти од Британците развиле антитела на коронавирусот по една доза од вакцината на „Астра Зенека или „Фајзер“, а по втората доза оваа бројка се искачува на речиси 100 проценти, покажува едно британско истражување.

Advertisements

Податоците се засновани врз студија на 8 517 луѓе во Англија и Велс.

Истражувањето покажало дека 96,42 проценти од луѓето што примиле каква било вакцина развиле антитела од 28 до 34 дена по првата доза. Процентот се искачил на 99,08 проценти во рок од седум до 14 дена од примањето на втората доза.

Двете вакцини биле подеднакво добри во активирањето антитела потребни за борба против ковид-19, откриле истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон (УЦЛ), пишува „Гардијан“.

Прикажи повеќе