Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук верува дека ЕУ ќе ја потврди јасната перспектива за Западен Балкан на Самитот во јуни.
Во интервју за ТВ Сител европратеникот напоменува дека бугарската Влада може да определи екипа од луѓе или претставник на ниво на Владо Бучковски и да се водат тие разговори, не за историските прашања, туку во смисла на подготовка на средината на донесување на важно политичко решение.
„Многу тешки последици може да има за двете земји доколку бидат раздвоени на патот кон ЕУ“, потенцира Ќучук.