Главниот преговарач на Република Албанија со Европската Унија, Зеф Мази за време на денешниот престој во Скопје ќе има средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, соопштува МНР.

Османи и Mази ќе разменат мислења за ЕУ пристапните процеси, прогнозите за усвојување на преговарачките рамки и организација на првите меѓувладини конференции со ЕУ.

По средбата, Османи и Мази ќе одржат прес – конференција.