106-годишната Французинка Колет Мазе ужива во музиката секој ден. „Музиката е мојата храна, храна за мојот дух и за моето срце“, вели таа.

Родена во семејство од средна класа, таа била школувала дома, а за тоа била заслужна нејзината мајка, додека нејзиниот татко водел фабрика за ѓубрива.

На само четири години, Колет започнала да свири пијано наоѓајќи ја топлината во музиката што ѝ недостасувала додека растела.

Иако има 106 години, пијанистката сè уште свири, а неодамна го издаде својот шести албум. За нејзината виталност, како што вели, е заслужна јогата и секојдневното вежбање. А, ако дојде време да престане да свири, таа е сигурна дека ќе пронајде нова храна за душата.

Нејзиниот син Фабрис Мазе, роден во 1949 година, вели дека неговата мајка е инспирација за многу луѓе.

Нејзината љубов кон музиката и другите луѓе е воодушевувачка. Таа е витална и на 106 години, во добра форма и постојано свири. На тој начин ни кажува дека за она што го правиме мора да имаме страст, а во исто време да се грижиме за себе. Нејзината љубов кон животот и смислата за хумор постојано мами насмевки кај луѓето“, вели нејзиниот син Фабрис.