Пејачката и мултимедијалната уметница Александра Слаѓана Милошевиќ завршила на Ургентниот центар поради внатрешно крварење, пренесуваат српските медиуми.
Наводно, Милошевиќ имала внатрешно крварење и ѝ била укажана итна медицинска помош, по што лекарите решиле да ја задржат во болница затоа што нејзината состојба многу брзо по приемот се влошила.
Порталот Нова.рс успеал да стапи во контактира со Слаѓана, по што пејачката им дала изјава преку телефон:
„Сè уште сум во болница. Лекарите ја следат состојбата. Идните чекори зависат од реакцијата на терапијата, која секојдневно се прилагодува на состојбата на организмот“, изјавила Милошевиќ за Нова.рс
Лекарите и рекле, вели таа, „дека има ненадеен почеток на внатрешно крварење. Била тестирана и од коронавирусот, но резултатот бил негативен“.
Слаѓана, моментално не можела да јаде нормална, цврста храна, па затоа е принудена да јаде само кашеста храна. Тоа е исто така првиот оброк што го јадела во последните неколку дена.