Слузта од полжав е една од омилените состојки во корејската козметика, а корејската козметичка индустрија направи вистински тренд од неа.

MIZON е еден од наjпопуларните корејски козметички брендови, кој е присутен на пазарот веќе две децении. Создава производи со темелно истражени, висококвалитетни и најнапредни формули за нега на кожата. Меѓу пошироката јавност овој бренд е познат по својата прочуена Snail Repair линија (линија со филтрат од слуз од полжав).

Mizon Snail Repair линијата e мултифункционална линија за регенерација на кожата богата со филтрат од слуз од полжав. Тоа се производи со антиејџинг дејство и функција на подобрување на тенот. Оваа линија за сеопфатна нега на лицето, која не содржи иритирачки состојки, ги решава комплексните проблеми со кожата со резултати видливи за кратко време.

ШТО ЈА ПРАВИ ПОСЕБНА SNAIL REPAIR ЛИНИЈАТА НА MIZON?

Одговорот се содржи во составот каде што главната состојка е: СЛУЗ ОД ПОЛЖАВ. Муцинот е главната состојка која го влажи телото на полжавот и го заштитува од сушење и од надворешните влијанија. Слузта од полжав е богата со протеини, гликолна киселина, хијалуронска киселина и пептиди, со што помага во обновување на кожата, намалувањето на појавата на брчки, истовремено зацврстувајќи ја и зголемувајќи ѝ ја еластичноста.

Слузта од полжав е една од омилените состојки во корејската козметика, а корејската козметичка индустрија направи вистински тренд од неа. Snail Repair линијата на Mizon ја сочинуваат производи со различна намена, како два типа пенливи средства за чистење на лицето, тонер, есенција, серум, ампула, гел крем, крем за лице, крем за очи, хидрогел лепенки за очи, BB креми и др.

Snail Repair линијата, со својот богат природен состав, ја смирува иритацијата на кожата и ја спречува појавата на брчки.

MIZON РУТИНА ВО 6 ЧЕКОРИ

ЧЕКОР 1. (ЧИСТЕЊЕ)

За длабинско чистење на кожата и сјајна кожа по чистењето, користете го Mizon Snail Repairing Foam Cleanser, пенливото средство за чистење на лицето со формула која содржи висока концентрација на слуз од полжав. Се претвора во блага, мека и кремаста пена која ги отстранува себумот, нечистотиите и мртвите клетки од кожата и длабински ги чисти порите, со што го намалува создавањето на црнки.

ЧЕКОР 2. ТОНЕР

Mizon Snail Repair Intensive Toner е поттикнувачки тонер со концентриран филтрат од слуз од полжав, кој ја враќа виталноста на кожатa со урамнотежување на односот на вода и масти и го забавува процесот на појава на брчки. Лесната текстура во комбинација со моќната формула овозможуваат длабинска хидратација без сушење на кожата. Не содржи парабени и вештачки парфеми.

ЧЕКОР 3. АМПУЛА

Mizon Snail Repair Intensive ампулата, покрај богатата содржина на слуз од полжав, збогатена е со пептиди, витамин B5, витамин Е и аденозин. Таа помага за затегнување на кожата и се грижи за намалување на фините линии. Екстрактот од калинка и лотус ја штитат оштетената кожа од надворешни влијанија. Се препорачува при појава на црвенило или темни дамки на кожата, кај чувствителна, уморна и опуштена кожа, или кожа оштетена од разни дерматолошки третмани.

ЧЕКОР 4. КРЕМ

Со секојдневото користење на Mizon All In One Snail Repair Cream, ќе ги почувствувате фантастичните придобивки од мултифункционалната формула со висококонцентриран филтрат од слуз од полжав (92%). Овој крем ја хидрира и штити кожата, помага да се изгубат фините линии и ги намалува лузните од акни. Содржи повеќе од 12 природни билни екстракти оптимални за целосна хидратација и нежна грижа за кожата. Брзо ја смирува иритираната кожа и го урамнотежува балансот на маснотиите и водата. Има двојна функционалност, осветлување на кожата и антиејџинг дејство.

ЧЕКОР 5. КРЕМ ЗА ОЧИ

За нега на подрачјето околу очите како петти чекор од рутината за нега на лицето нанесете крем за очи. Mizon Snail Repair Eye Cream, крем за очи со високо квалитетна, мултифункционална формула, со 80% слуз од полжав, кој хидрира и помага да се намалат фините линии. Муцинот придонесува за природно обновување на кожата, додека аденозинот и пептидите ја затегнуваат кожата и играат улога во подобрување на состојбата со брчките. Овој крем за очи, кој брзо се апсорбира без леплива трага, содржи ниацинамид, со кој го осветлува подрачјето околу очите.

ЧЕКОР 6. ББ КРЕМ СО ЗАШТИТЕН ФАКТОР

Во последниот чекор од рутината за нега на кожата, пробајте го високо покривниот крем со висок заштитен фактор, за збогатен со слуз од полжав, Mizon Snail Repair Intensive BB Cream SPF 50+ PA+++. Овој крем е достапем во неколку нијанси (# 21, #23, #27 и #31). Ги покрива црвенилото и акните и дава сјаен изглед на кожата. Овој производ со нежна формула кој содржи природни навлажнувачки состојки, придонесува за осветлувањето на кожата, делува против брчки и штити од штетните УВ зраци, кои се главни причинители за појава на хиперпигментација и пеги. Збогатен со ниацинамид и аденозин, има две фукции, заштитува од сонце и се користи како подлога за шминка. Се препорачува за оние кои имаат чувствителна и сува кожа и за оние кои сакаат вистински свеж и природен изглед.
___________________________
Производите на MIZON можете да ги најдете ексклузивно во специјализираната продавница за корејска козметика Olpeo, на продажните места во ГТЦ-Скопје на 1-ви кат и Палма мол во Тетово, или да ги нарачате на www.olpeo.mk и www.grouper.mk/shop/olpeo