„Јас сум оптимист, сметам дека преговорите треба да продолжат со Р. Бугарија, но не по цена на идентитетот и јазикот. Значи како што беше денес кристално јасен премиерот не смеат да бидат доведени во прашање“, изјави Стојанче Ангелов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. 

Според Ангелов, ако не добиеме зелено светло на претстојниот самит во јуни во Брисел, опозицијата ќе ги засили своите активности.

„Доколку не добиеме датум на претстојниот самит, тоа ќе биде добар повод за опозицијата да ги засили своите активности, нешто што и е нормално. Работа на опозицијата е да се бори за доаѓање на власт. Ние знаеме дека кој и да беше на власт ние ќе се судревме за овој проблем со Бугарија, но опозицијата ќе го користи во политичката битка со власта, така што тоа дополнително ќе ја вжешти атмосферата во следниот период“, вели Ангелов