Вчера во 16:05 часот 33-годишен затвореник од Велес пријавил дека на 27.04.2021, околу полноќ, во Казнено-поправната установа „Идризово“, Р.Е.(36) од Битола со помош на Д.П.(27) од Скопје, (исто така затвореници) извршил обљуба врз него.

Според пријавеното, тој бил сместен во иста ќелија со сторителите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.