Сезоната на јагоди само што почна, па затоа сега е вистинското време за овој превкусен десерт во кој ќе уживате со вашите најблиски…
Состојки:
- 450 г јагоди
- 4 лажици шеќер во прав
- 500 г јогурт
- рендана кора од 1 портокал
- 100 г бисквити
Подготовка:
Половина од измиените јагоди ставете ги во блендер заедно со половина од шеќерот во прав и миксирајте да добиете пире. Другите јагоди исечете ги на половинки. Измешајте го јогуртот со останатиот шеќер во прав и кората од лимон. Во стаклени чаши ставете по една полна голема лажица од јогуртот, над неа ставете малку од пирето со јагоди, па од сечканите јагоди. Потоа додајте дробени бисквити. Продолжете со редење додека ја наполните чашата завршете со дробени бисквити и декорирајте со неколку јагоди.