Порано или подоцна, повеќето луѓе започнуваат да се среќаваат со белите влакна на косата и брадата. Наместо да бегаат од неизбежното, многу холивудски фаци ја прифатија нивната седа коса, а многу од нив имаат буквално сребрена коса и брада која им дава посебен шарм.
Во продолжение погледајте ја листата на познати мажи кои гордо ги носат своите седи влакна…
Џорџ Клуни
Тој во 80-тите имаше долга, виткана коса. Терминот „сребрена лисица“ беше практично смислен поради Клуни. Актерот ја прифати својата седа коса на самиот почеток на филмската кариера, и оттогаш седата коса стана негов заштитен знак.
Мет Лебланк
Како Џои во Пријатели, тој имаше густа и темна коса. Во една прилика тој призна дека започнал да проседува уште во втората сезона, па морале да го фарбаат. По завршувањето на серијата, Мет ја покажа својата сива коса. Како што рече, му здосадило постојаното фарбање.
Ричард Гир
Тој почна да има седи влакна додека сè уште глумеше во „Убава жена“. Денес, таквата коса е негов заштитен знак и ја носи со гордост.
Пирс Броснан
Тој е еден од најголемите филмски заводници. Во тоа му помогна улогата на Џејмс Бонд и неговата темна и густа коса. На 66 години, Броснан е уште една холивудска sвезда која докажува дека со годините може да изгледа подобро.
Стив Карел
Комичарот беше препознатлив по едноставната фризура и кафеавата коса. Со текот на времето, тој созреа и во кариерата и во изгледот. Тој презеде посериозни филмски улоги и започна гордо да носи комбинација од седа брада и коса.