Пловечки хотел на брегот од Индискиот Океан на австралиска територија, кај Кокос островите, ќе се гради од вреќи полни со пластика, која е собрана при филтрирање на океанските води.
Во план е отпадот во кој може да се најдат од пластични шишиња и друга ситна пластика до гуми, собрани во специјални мрежи, да се искористат како основа за да се создаде т.н. сплав на кој ќе биде поставено одморалиштето.
Сплавот ќе биде закотвен за дното од океанот со големи талози од песок и тиња. Целта е со ова да не се наруши екосистемот во кој растат посебен вид дрвја познати како мангрови, чии корења растат во вода, а ќе бидат искористени да ги зацврстат вреќите со пластично ѓубре и на тој начин да се формира стабилна структура за одморалиштето, односно да спречи превртување или потопување при поголеми бранови.
Инаку, овие дрвја се користат во реони каде што има опасност од поплави, затоа што при растење нивните корења „го ловат“ песокот и тињата и прават еден вид брани, низ кои не може да се пробие водата.
Исто така и структурата на островот ќе биде направена од рециклирани материјали.
Дизајнер на овој остров е лондонската дизајнерка Марго Красојевиќ.