Состојки :
ЗА РОЛНИЧКИТЕ:
– 400 г мисиркин стек
– 250 г моцарела
– 200 г печеница
– сол
– лук во гранули
ЗА СОСОТ:
– 100 г шампињони од конзерва
– 50 г павлака
– 200 мл павлака за готвење
– 5 г сув магдонос
– сол
Подготовка:
Месото исечете го на шницли и со кујнски чекан исчукајте го да се истенчи. Зачинете ги со сол и лук во гранули. Потоа наредете печеница, па моцарела, кои се исечкани на тенки листови и завиткајте ролнички.
Вака приготвените ролнички ставете ги во алуминска фолија и завиткајте ги добро. Пржете ги заедно со фолијата, во сад со поголема количина масло. Павлаката изматете ја. Додајте ѝ ја течната павлака, измешајте и зачинете со магдонос.
Шампињоните испржете ги во тава со масло, по потреба зачинете со сол. Додајте ја мешавината со павлака и по две минути пржење тргнете го садот на страна.
Сервирајте прво од сосот, па над него ролничка од месо, која претходно сте ја извадиле од фолијата.