Вакцинацијата ја спроведуваме брзо и ефикасно онака како што ветивме. Сега е потребно масовно да се вакцинираме за да го победиме вирусот, сподели министерот за здравство Венко Филипче, со апел граѓаните да се пријават на www.vakcinacija.mk.
Филипче вчера ја прими вакцината за заштита од ковид -19 од кинеската компанија „Синофарм“.
– Вакцините се сигурни, безбедни, развиени на безбедни платформи. Несаканите ефекти се мали. Контраиндикации има за одредени посебни категории граѓани кои нема да примат вакцини, а препораките за нив ги влечеме од научни испитувања. Јас примив „Синофарм – рече министерот Филипче по вакцинацијата во салата „Борис Трајковски“.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.