Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит присуствуваа на одбележувањето на 200-годишнината од смртта на францускиот император Наполеон Бонапарта во катедралата Сен Луис.
Поранешната наставничка, која е постара од сопругот 24 години, честопати е критикувана за комбинациите на облека што им пркосат на утврдените правила за облекување на дамите во зрелост, но со својот избор за оваа пригода таа ги воодушеви модните критичари.
Брижит се држи до својата докажана формула за стил, што подразбира чисти линии без многу детали, класични кроеви и безвременски парчиња кои и ласкаат на нејзината нежна фигура.
Таа е позната по својата богата колекција на палта што ја следат линијата на телото, а во катедралата се истакна со избор на интересен модел во ефективна нијанса на кралско сино и елегантен кариран дезен украсен со златни копчиња.
Првата дама на Франција го комбинираше овој впечатлив капут со тесни црни панталони и црни салонки, создавајќи едноставен и софистициран стајлинг погоден за многу прилики.
Заштитна маска во црна боја и минијатурна црна кожна торба совршено се вклопуваат во овој елегантен изглед, толку типичен за Брижит Макрон.