По вторпат во неколку дена еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји предупредува дека доколку Северна Македонија не постигне компромис со Бугарија за историските прашања, Албанија ќе продолжи сама на патот кон ЕУ. Она што го кажа пред два дена во Скопје, унгарскиот еврокомесар денеска го повтори и од Брисел во изјава за Еуроњуз, пренесува Дојче Веле.

„Доколку повторно ни се случат потешкотии со Северна Македонија, што значи дека би биле неуспешни во убедувањето на С. Македонија и на Бугарија да изнајдат обострано прифатливо решение, тогаш ќе се отвори прашањето дали можеме да продолжиме само со Албанија. И ние мора да го разгледаме тоа прашање“, рече Вархеји алудирајќи на јунскиот самит на ЕУ.
„Разделувањето може да биде опција“, вели тој.