Речиси еден месец од смртта потврдено е од што почина принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета…
99-годишниот принц починал од старост, потврдија лекарите, а пренесува „The Telegraph“.
Смртниот лист го потпишал Сер Хув Томас, раководител на Кралската медицинска служба.
Изразот „старост“ во Велика Британија е прифатлив како причина за смрт доколку пациентот е постар од 80 години и доколку докторот лично се грижел за таа личност подолг временски период, знаејќи ја целосно неговата здравствена состојба, известува „The Telegraph“.
Сер Хув Томас се грижел за здравјето на војводата од Единбург и кралицата Елизабета од 2014 година.
Принцот Филип во јуни ќе наполнеше 100 години, а во последните години го измачуваа повеќе здравствени проблеми. Тој од јавните должности се повлече во 2017 година.