Познатите членки на групата „Спајс Грлс“ пред две години се вратија на сцената, а сега размислуваат и за враќање на филмското платно.

„Девојките размислуваа како да ја одбележат 25-годишнината од филмот „Spice World“ од 1997 година, па дојдоа до идеја да снимат продолжение. Тие зборуваа со сценарист кој сега размислува и го креира целиот проект, што значи дека тие сериозно се ангажирале за тоа“ изјави извор од филмската индустрија, пишува „The Sun“.

Оригиналниот филм покрај Мел Би, Мел Си, Ема Бантон, Гери Хорнер и Викторија Бекам имаше и ѕвезди како што се Елтон Џон, Ричард Е. Грант, Мит Лоаф и други, па токму затоа и за продолжението сигурно се планирани големи имиња. Филмот тогаш заработи повеќе од 96 милиони долари, и покрај лошите оценки на критичарите.

Инаку „Спајс Грлс“ во 2019 година повторно се собраа за да одржат 13 стадионски концерти во Обединетото Кралство и Ирска, но Викторија Бекам не учествуваше во таа турнеја.

„Повеќе сакам да се насочам кон своето семејство и фирмата“, изјави тогаш Викторија која не сакаше да и се придружи на групата, а под знак прашалник е и нејзиното појавување во новиот филм.