Официјално е потврдено, овогодинешната Мет Гала, најпрестижното модно случување, сепак ќе биде одржано, и покрај пандемијата на коронавирусот.
Големиот моден настан досега секоја година беше одржуван на 4-ти мај во Музејот на модерната уметност во Њујорк, уште од 2005 година кога организаторка на овој престижен моден настан стана Ана Винтур, главната и одговорна уредничка на магазинот „Vogue“. Минатата година за првпат овој спектакуларен настан беше откажан, а оваа година тој само е одложен за 13 септември.
Домаќини на овој престижен настан ќе бидат младите ѕвезди – актерот Тимори Каламет, пејачката Били Ајлиш, поетесата Аманда Горман и тенисерката Наоми Осака.
Називот на овогодишнешната церемонија ќе биде „In America: A Lexicon of Fashion“, а ќе биде значително помал и поинтимен во однос на претходните години. Дрес кодот е веќе одреден, а тоа е „Американската независност“.