Глобалната програма за правична распределба на вакцини Ковакс потпиша прелиминарен договор со Модерна за купување 500 милиони дози од својот препарат против Ковид-19, соопшти денеска Унијата за вакцини – Гави.
Многу сме возбудени што го потпишавме овој нов договор со Модерна, давајќи им можност на учесниците на Ковакс пристап до друга високо ефикасна вакцина, изјави Сет Беркли, извршен директор на Гави.
Модерна оваа година ќе испорача 34 милиони дози од својата вакцина против коронавирус, а Шведска ќе донира еден милион вакцини на Астра Зенека за програмата Ковакс, што претставува мал поттик додека глобалната програма се бори да обезбеди доволни количества за вакцинација на најсиромашните во светот.
Иако е во сила договорот со Модерна за купување на 500 милиони дози, испораката ќе почне дури во четвртиот квартал од годинава со 34 милиони вакцини. Остатокот од 466 милиони ќе биде достапен следната година, соопшти Гави.
Договорот е постигнат откако Светската здравствена организација ја одобри вакцината на Модерна за итна употреба, што е предуслов за користење на вакцините во рамки на Ковакс
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.