Вакцината се смета за клучен адут во борбата против пандемијата на коронавирусот. Прашањето сега е дали пушачите можат да пушат непосредно пред или да продолжуваат по вакцинирањето и дали цигарите ќе влијаат на ефикасноста на вакцините против ковид-19.
Според Светската здравствена организација (СЗО), пушачите имаат поголем ризик од инфекција со коронавирусот, па затоа треба да ја примат вакцината што е можно поскоро за да се заштитат.
Покрај тоа, пушењето исто така го намалува капацитетот на белите дробови и го зголемува ризикот од неколку други респираторни заболувања. Многу извештаи наведуваат дека пушачите се изложени на поголем ризик од развој на потешка форма на ковид – 19.
Д-р Висака Шивдасани посочи дека луѓето не треба да пушат откако ќе ја примат првата доза на вакцината, бидејќи цигарите можат да го намалат одговорот на антителата, како и да ги избегнуваат цигари и по вакцинацијата, пренесува Н1.
Докторката наведе уште неколку работи кои се однесуваат на вакцинирањето.
Таа посочи дека би било пожелно секоја личност да спие најмалку шест часа во текот на ноќта една недела пред да се вакцинира. Таа исто така препорача пробиотици, наведувајќи дека 70% од имуните клетки се во варење и дека особено е важно здравјето на цревата.
Д-р Шивдасани посочи дека стресот може да влијае и на имунолошкиот одговор и им препорачува на луѓето кои планираат да се вакцинираат да избегнуваат алкохол покрај цигарите најмалку три дена пред вакцинацијата, но и по вакцинацијата, како и да избегнуваат стрес кој докажано го нарушува целосното здравје, пренесува Times of India.
Таа исто така препорача дополнителен внес на цинк што го зајакнува имунолошкиот одговор и истакна дека дефинитивно треба да се внесува повеќе храна богата со протеини.