Славењето на големиот христијански празник Велигден е еден од најубавите периоди во годината… Традиционалното фарбање на јајцата кое започнува на Велики Четврток го обележува почетокот на празничната атмосфера во сечиј дом.
„За многу години“, напиша Калиопи во описот на неколкуте фотогорафии кои ги сподели со своите пријатели и обожаватели.
Познатата водителка Маријана Станојковска пак, верна на традицијата, ги покажа првите три велигденски јајца исфарбани пред зори на Велики Четврток, воедно честитајќи им го празникот на своите пријатели и обожаватели.
„Светото Велигденско јајце нека ви донесе здравје, среќа, љубов и мир. За многу години ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК“, напиша Маријана.
Пејачката Тамара Тодевска покрај бројните обврски околу подготвувањето за 5-тиот роденден на својата ќерка Хана, сепак успеала да најде време за да создаде пријатна празнична атмосфера во нејзиниот дом со многу симпатични украси и велигденски јајца.
Пејачката Андријана Јаневска во уникатен стил – „Сунѓерот Боб и другарите! Моите велигденски јајца“, напиша таа во описот на фотографијата под која се нижеа безброј коментари од нејзините пријатели и обожаватели кои ја поздравија за оригиналната идеја.
„Ми е страв дека ќе почнеме со извоз на вапцани јајца“, се пошегува водителот Димитар Атанасовски.
Тој на својот инстаграм-профил сподели видео на кое може да се забележи „работната акција“ на дело – украсување велигденски јајца во најразлични бои кои детално и со многу љубов ги спрема неговата сопруга и позната пејачка Сара Мејс.