Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Бразил од почетокот на пандемијата веќе е над 400.000, соопшти бразилското Министерство за здравство.
Во моментов има 401.186 смртни случаи од Ковид-19 во оваа јужноамериканска земја.
Во последните 24 часа, во Бразил се регистрирани 3.001 нов смртен случај и скоро 70.000 новозаразени.
Според експертите, големиот број смртни случаи се должи на неуспехот на бразилската Влада соодветно да одговори на пандемијата.
– Има 400.000 смртни случаи, најмногу поради неспособното раководство на оваа Влада, предводена од претседателот Жаир Болсонаро, изјави Џамал Сулејман, лекар во Институтот за инфективни болести „Емилио Рибас“.
Болсонаро ја потцени сериозноста на коронавирусот уште од почетокот на пандемијата и се спротивстави на воведувањето карантински мерки во Бразил.